Њукасл Јунајтед е клубот кој најмногу ќе потроши во текот на зимскиот преоден рок, барем тоа се очекувањата.
На Њукасл Јунајтед му требаат засилувања за да се избори за опстанок во Премиершип, а парите од доаѓањето на богатите сопственици не се проблем.
Многу имиња кои би можеле да пристигнат на Сент Џејмс Парк стигнаа до јавноста, а последен во низата е Дарвин Нунез.
22-годишниот Уругваец оваа сезона експлодираше во дресот на Бенфика и привлече големо внимание со одличните игри.
Бенфика е позната како клуб кој не ги продава лесно своите играчи, а според британскиот печат „Страчките“ би издвоиле околу 60 милиони евра за Нуњез, што би било нов клупски рекорд.
Инаку, Нуњез оваа сезона има постигнато 18 гола на 22 натпревари во сите натпреварувања. Бенфика пред две години му плати на Алмерија 24 милиони, а јасно е дека клубот од Лисабон ќе заработи големи пари.