Капитенот на Аргентина, Лионел Меси во недела ќе го одигра последниот натпревар од Светското првенство во кариерата.
35-годишниот Меси го постигна својот петти гол во полуфиналето со Хрватска на шампионатот во Катар, а има и три асистенции.
Многу сум среќен што ја завршив мојата приказна за Светското првенство во финалето, можам да видам колку сите во Аргентина уживаат во тоа. Има многу време помеѓу ова и следното Светско првенство и мислам дека нема да можам да бидам подготвен за тоа. Совршено е што се ќе заврши вака.
Ќе дадеме се од себе, како и досега, за овој пат навистина да бидеме најдобри. Уживав во претходните години и навистина уживам во се што ни се случува. Освојување на Копа Америка и пласман во финалето на Светското првенство, 36 натпревари без пораз, тоа е навистина неверојатно. Се надевам дека луѓето во Аргентина уживаат во тоа што го правиме, можат да бидат сигурни дека ќе дадеме се што имаме.
Во финалето силите ќе ги одмерат Франција и Аргентина кое се игра на стадионот Лусаил во недела од 16:00 часот.