Голем удар на амбициите на Милан во борбата за титулата со градскиот ривал Интер, во понеделникот им зададе Специја. Во претпоследниот термин од 22. коло Специја дојде до победа од 2:1 со задоцнет гол во судиското обештетување.
Тоа значи дека Милан останува на 48 бода, два помалку од водечкиот Интер и има натпревар повеќе, а со победата во паралелниот натпревар, Наполи стигна до 46 бода и опасно се заканува за втората позиција.
Во вториот натпревар Наполи лесно мина низ Болоња. Хирвинг Лозано беше херојот на својот тим, Мексиканецот со двата гола во 20 и 47 минута го трасираше патот до нови три бода и се поголеми шанси во борбата за титулата.
Болоња, пак, го забележа четвртиот пораз во последните пет натпревари и се наоѓа на 13. место со пет бода повеќе од Специја, која значајно скокна искористувајќи ги поразите од директните конкуренти.