Статусот на Антони Марсијал по доаѓањето на Ралф Рангник во Манчестер Јунајтед, конечно е решен на обострано задоволство. Французинот до крајот на сезоната ќе биде на позајмица во Севиља а тоа го потврдија двата клуба.
Севиља би требало во целост да ја превземе платата на Марсијал, а Јунајтед ќе плати и одредено обештетување за шестмесечниот ангажман на Французинот. Така, Марсијал би можел да игра против Динамо во Лига Европа на 17 и 24 февруари.
Марсијал пристигна во Јунајтед во 2015 година, но во последните години го мачат повреди и поради недостаток на натпревари никако не ја пронајде својата вистинска форма, што кулминираше со целосно губење на првотимскиот статус во тимот.