Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта тврди дека клубот се враќа и дека следното лето ќе може да се натпреварува за потписите на најдобрите светски фудбалери, откако беше претставен новиот член на клубот Феран Торес.
Барселона беше принудена да ги ослободи Лионел Меси и Антоан Гризман пред почетокот на сезоната бидејќи немаа доволно пари да им ги исплатат платите, но претседателот на каталонскиот клуб тврди дека овој период сега е зад нив.
Откако се комплетираше трансферот на Феран Торес вреден 55 милиони евра од Манчестер Сити, Барселона се поврзува и со многу бараниот напаѓач на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд.
Да не зборувам за поединечни имиња, бидејќи тоа никому не му користи. Работиме на засилувања за летниот преоден рок. Се е можно ако се заврши добра работа. Сигурен сум дека работите ќе одат добро. Барселона се уште е референца кога е фудбалот во прашање Секој играч размислува за можноста да дојде овде, сè уште го имаме нашиот статус на пазарот на играчи. Доаѓањето на Феран покажува дека преродбата на Барселона е реалност.
Оптимизмот на Лапорта е во спротивност со ситуацијата на Ноу Камп. Вкупните долгови на клубот изнесуваат над една милијарда евра, а Ла Лига наметна лимит на трошење од само 97 милиони евра и само 25% од она што им е дозволено да го заработат. Реалноста е дека ниту новиот играч Феран Торес засега не може да биде пријавен во домашниот шампионат.
“Знаевме кога го доведовме за проблемот со лимитот на платите. Оттогаш напорно работиме на решението и уверени сме дека ќе успееме да го регистрираме пред недела. Сакаме што поскоро да му биде достапен на тренерот. Имаме простор да го пријавиме Дани Алвеш, што ќе го направиме денеска или утре. Направивме исклучок и го доведовме Феран иако знаевме дека немаме простор да го регистрираме. За евентуални дополнителни засилувања ќе одлучиме заедно со тренерот во јануари, но во тој случај прво нека си заминат некои играчи. Имаме време до крајот на месецот.
Изјави спортскиот директор Матеу Алемани.
Барселона ќе може да го регистрира Торес доколку потпише нов договор со Усман Дембеле. Тој влегува во последните шест месеци од договорот и доколку потпише нов, тоа ќе му овозможи на клубот да ја продолжи амортизацијата за неговиот трансфер на подолг период. Сепак, клубот се уште го чека одговорот на неговиот менаџер, а како што вели Алемани нема да има нова средба, бидејќи Дембеле и неговиот менаџер добро ја знаат позицијата на клубот кој сака да го задржи и ја дал својата конечна понуда за нов договор..