Американскиот кошаркар Карсен Едвардс е шестото засилување на Фенербахче во летниот преоден рок откако потпиша едногодишен договор со Фенербахче, соопшти денеска турскиот клуб. Едвардс (24) игра како плејмејкер а во својата досегашна кариера настапуваше за Бостон и Детроит во НБА лигата, додека во развојната лига настапуваше за Мејн и Солт Лејк Сити. Едвардс минатата сезона беше петти водечки стрелец во развојната лига со просек од 23,3 поени, 4,1 асистенции, 2,8 скока и 1,5 украдени топки. Со младата репрезентација на САД во 2017 година го освои Светското првенство за играчи до 19 години.
Рекордот на Новак Ѓоковиќ за кој другите можат само да сонуваат!
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ постигна голем подвиг во последната година - освои по еден турнир од секоја категорија на АТП турнејата: Грен слем (Вимблдон), Завршен турнир во Торино, АТП Мастерс 1000 (Рим), АТП 500 (Астана) и АТП 250 турнир (Тел Авив).Со...