Актуелниот светски шампион на патеката Хунгароринг ја постигна 28-та победа во кариерата и осмата во овогодинешниот шампионат.
Второто место му припадна на седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон од Мерцедес, додека неговиот тимски колега Џорџ Расел заврши на третото место.
Возачот на Ферари, Карлос Саинз заврши четврти, Серхио Перез од Ред Бул беше петти, а Шарл Леклер од Ферари заврши петти.
Бодови освоија и Ландо Норис (Мекларен), Фернандо Алонсо (Алпин), Естебан Окон (Алпин) и Себастијан Фетел (Астон Мартин).
Дополнителен бод за најбрз круг освои Хамилтон.
Во генералниот пласман води Верстапен со 258 бодови, втор е Леклер со 178, а трет е Перес со 173 бодови.
Следува пауза во првенството, а следната 14-та трка се вози на 28 август за Големата награда на Белгија.