Пропаднаа преговорите за нов договор меѓу Барселона и младата француска ѕвезда Усман Дембеле. Французинот наводно побарал преголема плата, не бил постигнат договор и поради тоа ќе биде продаден.
Така Дембеле не е дел од Барселона за натпреварот против Атлетик Билбао, а спортскиот директор Матеу Алемани отворено зборуваше за клупската телевизија за целата ситуација.
Разговорите со Усман и агентите започнаа околу јули. Разговаравме овие шест или седум месеци, Барса понуди различни понуди, се обидовме да најдеме начин како играчот да продолжи со нас, но постојано наидувавме на одбивања од неговите агенти.
Ние не сакаме да имаме играчи кои не сакаат да се посветат на Барселона и да бидат тука.
Денес, 20 јануари и 11 дена пред крајот на преодниот рок и влегувањето во последниот дел од договорот, јасно е дека играчот не сака да продолжи во Барселона и не е подготвен да биде иден проект. Трансферот ќе се направи пред 31 јануари.
Дембеле ја започна кариерата во Рен, продолжи во Борусија Дортмунд, а по добрите натпревари во 2017 година замина во Барселона како тогашен најскап играч на светот за 105 милиони евра. Но, дел од неговата кариера во Барселона во голема мера е одбележан со повреди и променливи игри.
Челси и Арсенал се најзаинтересирани за младиот французин но да не го отпишеме и Њукасл кој сака по секоја цена да доведе нови засилувања.