Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ постигна голем подвиг во последната година – освои по еден турнир од секоја категорија на АТП турнејата: Грен слем (Вимблдон), Завршен турнир во Торино, АТП Мастерс 1000 (Рим), АТП 500 (Астана) и АТП 250 турнир (Тел Авив).
Со тоа тој собра пет трофеи во годината, а ова е веќе единаесетти пат да го постигне. Овој подвиг пред него го постигна само легендарниот Џими Конорс .
Роџер Федерер остана на третото место со десет, додека Рафаел Надал и Иван Лендл имаат по девет .
Годинава на Надал му недостигаше еден турнир за да се израмни со Федерер .
Новак освои најмалку пет титули во 2007, 2009, 2011 – 2016, 2019, 2021 и 2022 година.
Новак Ѓоковиќ следната сезона ќе има можност да се осамостои на врвот на оваа листа, а покрај тој рекорд ќе го брка и апсолутниот рекорд по број на недели на првото место, каде што Штефи Граф му бега за четири, додека нашиот ас одамна е рекордер кога е во прашање АТП листата, поточно машка конкуренција.