Клиперси надминаа негатива од 35 поени во вторникот вечерта против Визардс. Тоа е второ по големина во НБА ерата, имено во сезоната 1996-97 Џезерите надминаа негатива од 36 поени против Нагетс.
Херој на вечерта беше Лук Кенард кој постигна седум поени во последните 9 секунди. На 1,9 секунди до крајот Кенард постигна тројка а доби и дополнително фрлање со што го потврди крајниот резултат 116-115 за Клиперси.
ЛА постепено го намалуваше водството во третата четвртина, стигна до едноцифрен број разлика со серија од 15-1, а потоа го затвори натпреварот со серија од 11-2.
Визардс придонесоа за неверојтниот пресврт со седум загубени топки во четвртата четвртина, пет во последните шест минути.