Белгискиот фудбалер Шарл де Кетелар официјално потпиша за Милан и со тоа стана најскапото засилување во ерата на Паоло Малдини и Фредерик Масара! Кетелар на дресот ќе го носи бројот 90, а со италијанскиот шампион потпиша договор до јуни 2027 година со годишна плата од 2,2 милиони евра. Клубот од „Сан Сиро“ цело лето се обидуваше да го доведе офанзивниот играч за врска од Бриж, а сега конечно успеа да се договори со белгискиот шампион. Милан за Де Кетелар ќе плати 32 милиони евра, додека Бриж преку бонуси ќе може да инкасира дополнителни три милиони. За Белгиецот интерес покажаа Лидс и Лестер, но желбата на играчот од почетокот беше „Сан Сиро“.
Рекордот на Новак Ѓоковиќ за кој другите можат само да сонуваат!
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ постигна голем подвиг во последната година - освои по еден турнир од секоја категорија на АТП турнејата: Грен слем (Вимблдон), Завршен турнир во Торино, АТП Мастерс 1000 (Рим), АТП 500 (Астана) и АТП 250 турнир (Тел Авив).Со...