Севиља подобро го отвори натпреварот против градскиот ривал и ги замолкна навивачите кај Бенито Виљамарино кога поведоа во 35. минута.
Асистент беше Торес, а голот за водство на Севиља го постигна аргентинскиот играч за врска Папу Гомез.
Но, само четири минути подоцна Бетис успеа да израмни на 1:1, а во центарот на вниманието беше Фекир.
Францускиот играч за врска постигна гол директно од корнер за израмнување на резултатот, а трибините после тоа едноставно „експлодираа“.
После тоа, еден од навивачите го удри играчот на Севиља со непознат предмет во главата, по што судијата реши да го прекине натпреварот, а се уште не е јасно дали натпреварот ќе продолжи.
Главниот судија на овој натпревар реши да ги испрати играчите на двете екипи во соблекувалната, а на теренот видовме жестока пресметка меѓу играчите на двата тима. Фудбалерите на Бетис останаа на теренот, додека Џордан, кој беше погоден од предмет од трибините со помош на лекарите, го напушти теренот.