Деновиве актуелна е приказната за потенцијалното заминување на Роберто Фирмињо од Ливерпул во Јувентус. Сепак, Бразилецот не е подготвен да го напушти „Енфилд“.
Минатата сезона Бразилецот веќе почна да го губи местото како стартер. А со доаѓањето на Нунес не очекува да помине многу време на теренот иако беше стартер во Комјунити Шилд.
Го сакам овој тим, го сакам овој град и навивачите. Тука сум и секако дека сакам да останам.
изјави Фирмињо
Фирмињо е во Ливерпул од 2015 година и одигра голема улога во најголемите успеси на клубот. Тој со Ливерпул освои повеќе титули: Премиер лигата, Лигата на шампионите, ФА Купот, Лига купот, Комјунити Шилд, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство. Неговиот актуелен договор истекува следното лето.