Искусниот Италијанец, кој има мандати на клупата на Челзи и Лестер, со кои сензационално ја освои Премиер лигата во 2016 година, на клупата на Ватфорд пристигна во октомври како потенцијален спасител, но серија од седум порази во последните осум лигашки натпреварите не им оставија друга опција на лидерите на Вотфорд освен да ја прекинат соработката.
Раководството на Хорнетс го препознава Клаудио како човек со голем интегритет и чест, кој секогаш ќе биде почитуван овде на Викариџ Роуд за неговите напори да go води тимot достоинствено. Сепак, управата верува дека, со речиси половина од сезоната пред нас, беше потребна итна смена на тренерската клупа за да му се даде доволно време на новиот менаџер да работи со талентиран тим за да ја постигне целта – да го задржи статусот во Премиер лигата.
Вотфорд во наредниот првенствен натпревар на 5 февруари во борба за опстанок ќе игра против уште еден директен конкурент. Моментално се на 19. место со 14 освоени бода, само два повеќе од последниот Барнли.
Во остатокот од сезоната Раниери ќе биде заменет со поранешниот англиски тренер и поранешен менаџер на Ливерпул, Рој Хоџсон, кој со 74 години ќе стане најстариот менаџер во историјата на англиската Премиер лига. Во зависност од резултатите до крајот на сезоната, можно е продолжување на соработката со него.