На сагата околу новиот клуб на Единсон Кавани (35) конечно и дојде крајот, пренесуваат повеќе аргентинските медиуми.
Славниот „Ел Матадор“ од почетокот на преодниот рок бара нов клуб, се споменуваа различни опции а на крајот изборот падна на култниот аргентински клуб Бока Јуниорс.
Преговорите траеја, верувале или не, полни четири месеци, Уругваецот ја чекаше вистинската понуда, турски и италијански тимови го бараа, но на крајот сепак ќе игра за еден од најголемите клубови во светот.
Кавани претходно откри дека желба му е да игра на познатиот стадион „Ла Бомбоњери“. Тој многу млад замина во Европа од родниот Данубио, пред повеќе од 15 години каде изгради голема кариера а сега ќе го исполни својот детски сон и ќе игра за Бока.