Новак Ѓоковиќ слета во Дубаи, по 13 и пол часа лет од Мелбурн, а многу фанови со нетрпение го очекуваа.
По депортацијата и агонијата во Австралија, Новак Ѓоковиќ повторно е слободен човек и сега лета за Европа.
Каде директно ќе оди Ѓоковиќ сепак не се знае, а на трансферот му возвратија насмевката од навивачите кои пружија поддршка, а беа желни за спомени.
Ѓоковиќ потврди дека повеќе нема да се рекламира до крајот на Австралија опен, односно на 30 јануари, пишува Нова.рс.
Тој само изјави дека е разочаран од епилогот на судскиот процес, во кој најпрвин доби правна битка, но на крајот беше депортиран.
Изгубена е можноста да се нападне 21. Грен слем и да се биде сам на врвот на вечната листа, бидејќи Надал и Федерер имаат уште по 20 титули.
По лет од 13 и пол часа, Новак Ѓоковиќ е снимен со својот стручен штаб.