Австралискиот премиер Скот Морисон го коментираше укинувањето на визата за Новак Ѓоковиќ.
Бев информиран дека по внимателно разгледување, одлучено е да му се поништи визата на господинот Ѓоковиќ поради медицински и други основи, односно поради јавен интерес. Оваа пандемија беше многу тешка за секој граѓанин на Австралија, но држејќи се заедно успеавме да спасиме животи. Заедно, успеавме да постигнеме силна економија, голем број вакцинирани и мал број смртни случаи од коронавирус, напиша Морисон во соопштението.
Практично, со ова премиерот на Австралија рече дека го штити народот од Ѓоковиќ.
Австралијците направија многу жртви поради пандемијата и имаат право да очекуваат тие да бидат заштитени. Затоа министерот му ја откажа визата на Ѓоковиќ. Нашата политика на влез во земјата не спаси за време на пандемијата, додаде Морисон.
Премиерот на Австралија рече дека повеќе нема да се огласува на оваа тема, бидејќи судската постапка е во тек, што би требало да значи дека Новак Ѓоковиќ и неговиот адвокатски тим веќе поднеле жалба. Веќе е познато дека имаат четири опции и дека планот им е се да биде завршено до недела.
Да потсетиме, Австралија опен започнува на 17 јануари, но доколку Новак биде депортиран, можеби никогаш повеќе нема да игра во Мелбурн.