Анжер засега е во безбедната зона, благодарение на резултатите од првиот дел од сезоната. Имаат 29 бодови, а моментално се 12ти на табелата. Во последното коло го совладаа Троа, а најтрофејниот француски клуб се чини дека следната сезона ќе се пресели во Лига 2. Ако на тоа се додаде дека имаат неколку клучни отсуства поради КАН, тогаш овде единицата се наметнува како логичен избор.
Рекордот на Новак Ѓоковиќ за кој другите можат само да сонуваат!
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ постигна голем подвиг во последната година - освои по еден турнир од секоја категорија на АТП турнејата: Грен слем (Вимблдон), Завршен турнир во Торино, АТП Мастерс 1000 (Рим), АТП 500 (Астана) и АТП 250 турнир (Тел Авив).Со...