Кливленд Кавалирс објави дека плејмејкерот Рики Рубио ги повредил предните вкрстени лигаменти на левото колено и ќе го пропушти остатокот од оваа сезона во НБА.
Рубио (31) се повреди во вторникот на натпреварот против Њу Орлеанс Пеликанс. Ова му е втора повреда на предните вкрстени лигаменти, а првата ја доживеа во сезоната 2011/12. додека играше за Минесота Тимбервулфс.
о својата прва сезона во Кливленд, Рубио имаше просек од 13,1 поени и 6,6 асистенции по натпревар.
Пред тоа, тој играше за Минесота Тимбервулфс, Јута Џез и Феникс Санс.